УБАВИНА

Деколте за гордост! 3 совети за нега на кожата на вратот и градите

По туширањето, наместо лосион за тело, на деколтето нанесете крема наменета за нега на исклучително нежна и чувствителна кожа.

На самиот почеток на триесеттите, секоја жена треба посериозно да се посвети на изборот на козметика за нега на лице и тело. Иако често се заборава, сè што се однесува на лицето важи и за вратот, деколтето и пределот на градите, а дерматолозите потсетуваат дека на овој регион, особено во лето, треба да се посвети поголемо внимание.

Нега на деколте

Кожата на V зоната, т.е. вратот, деколтето и градите, дури е двојно потенка од кожата на лицето, а ако го изложите на сонце, не го хидрирате доволно, а исто така пушите, не се чудете кога ќе видите брчки и бразди кои стануваат се поизразени секој ден, а тенот ќе се менува, истакнуваат експертите.

За да ја одржите вашата кожа во оваа област здрава, еластична и хидрирана, воведете нови навики:

* По туширањето, наместо лосион за тело, на деколтето нанесете крем наменет за нега на исклучително нежна и чувствителна кожа. Кремот мора да содржи витамини А, Е, Ц и Б5.

* Посипете ги градите наизменично со топла и ладна вода бидејќи тоа ја подобрува циркулацијата.

* Чувствителната кожа на деколтето брзо гори на сонце. Дури и кога црвенилото ќе исчезне, на кожата остануваат мали брчки. Затоа прекријте го деколтето со препарати со висок заштитен фактор.

Спијте на грб
Третина од денот ја поминуваме спиејќи, а ако најчесто спиете на страна, ова ќе го промовира „правењето“ на брчките. Обидете се да спиете на грб.

Пилинг со кокосово масло
Треба да вршите ексфолијација на V зоната еднаш неделно за да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата и да го забрзате нејзиното обновување. Пробајте со кокосово масло измешано со сок од лимон и малку искршен жолт шеќер. Кокосовото масло во последните години стана вистински хит за нега на кожата поради неговата способност да ја врати мекоста и влажноста на кожата и да ја заштити од забрзано стареење.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close