ЉУБОВ И СЕКС

Зошто е добро да се планира односно закажува секс?

Закажувањето за водење љубов можеби звучи како нешто што ќе ве остави ладни, но вистината е дека не секој секс е спонтан. Експертите велат дека во нашата култура постои верување дека сексот мора да биде спонтан, а речиси никогаш не е. Ако сте во брак, имате деца или сте многу зафатени, веројатно нема да можете непланирано да одвоите време за некоја акција со вашиот партнер.

Предигра
Токму затоа сексолозите сугерираат дека треба да го планирате вашето време заедно во кревет (или на друго место). Единствениот проблем со тоа е што не знаете дали навистина ќе бидете расположени за секс таа сабота во два попладне. Но, она што можете да го направите е да создадете услови кои го прават сексот пожелен.

Експертите предлагаат добро да се одморите пред тоа, бидејќи ќе бидете порасположени. Може да планирате и некои секси активности пред секс, како заедничко готвење додека пиете вино или нешто што ќе биде добра предигра, како масажа.

Спонтан секс
Истражувањата покажаа дека ако почесто имате секс на „среден“ начин, ќе сакате и повеќе спонтан секс. Доколку имате календар за секс, поголеми се шансите да бидете „во форма“, а спонтан секс ќе се случува почесто.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close