ЉУБОВ И СЕКС

Луѓето со оваа крвна група се докажани како најдобри љубовници!

Адреналинот е она што ги прави да се чувствуваат живи – колку се поактивни, толку повеќе имаат позитивна енергија.

Добар љубовник може да се открие и пред да се провери во кревет, според крвната група, тврдат турските научници. Според нивното големо истражување за време на кое го следеле интимниот живот на паровите во кои мажите биле од различни крвни групи, сексуалната моќ зависи од крвната група.

Мажите со крвни групи А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да „не успеат во кревет“, односно да заболат од еректилна дисфункција во одреден момент од животот, додека оние со „нула“ ретко ја оставаат својата партнерка разочарана.

Мажите со крвни групи А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да „не успеат во кревет“
– Резултатите од истражувањето покажаа дека 42 отсто од испитаниците со А, Б и АБ групи имале проблеми со постигнување на потенција, а само 15 отсто од оние со група „0“. Сè уште истражуваме како крвната група влијае на сексуалната моќ, но можеби има корени во тоа што е докажано дека тоа е најстарата крвна група во светот – изјавија научниците за магазинот „Nature and Society“.

Стрес и досада
Освен што немаат проблеми со потенцијата, за мажите од групата „0“ се вели дека се и издржливи, природно оптимисти, одговорни и совесни, додека најслаба точка им се стресот и досадата. Ова ги убива и понекогаш поттикнува деструктивно однесување.

Адреналинот е она што ги прави да се чувствуваат живи – колку се поактивни, толку повеќе имаат позитивна енергија.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close