ЉУБОВ И СЕКС

Кој е поромантичен – мажите или жените? Еве што вели науката

Заљубувањето е емотивно искуство кое речиси секој од нас го доживеал барем еднаш во животот и може да разбуди бескрајна серија на комбинации на чувства – од возбуда и радост до вознемиреност и страв.

Едно е сигурно, заедно со емоциите се буди и романтиката, на која низ историјата на човештвото и се посветени милиони уметнички дела – од литература до музика, до слики и филмови – добивајќи многу облици и обичаи.

Но, од каде потекнува романтиката во нашите животи, кога почнува да се појавува и зошто опаѓа? Иако е многу индивидуално прашање за секој човек, како што вели „Your Tango“, тесно е поврзано со тоа дали си маж или жена.

Мажите често се заљубуваат на прв поглед
Првата работа што ја забележуваме кај некоја личност кога ќе ја запознаеме е претежно нејзиниот изглед, а доколку ја сметаме за привлечна, постои дури и шанса да се заљубиме „на прв поглед“. Така барем мислат момчињата.

Токму поради оваа причина, едно истражување тврди дека мажите се всушност поромантични од жените. И додека само 28 отсто од жените веруваат дека е можно некој да се заљуби на прв поглед, од сите испитаници дури 48 отсто од мажите потврдиле дека имаат таква склоност.

И така, инстантно заљубени, тие се подготвени да се додворуваат и да освојуваат. Но дали таквата „љубов“ навистина е љубов… или е „страст“ на прв поглед? Запомнете само колку пати сте забележале за време на некој собир како маж и се додворува на привлечна жена, додворувајќи и се до исцрпеност, без да ја праша како се вика.

Љубовта на прв поглед не мора да значи љубов
Истражувачите исто така докажаа дека романтичното одлучување е всушност процес во неколку различни делови од нашиот мозок. Медијалниот префронтален кортекс е одговорен за донесување брзи одлуки за љубовта („љубов на прв поглед“), додека ростромедијалниот префронтален кортекс, сегмент од медијалниот префронтален кортекс, е одговорен за одредување на вистинската компатибилност со друга личност.

Тоа значи дека механизмот на „непосредна привлечност“ не секогаш, нужно, не поврзува со некој кој долгорочно ќе биде наш вистински партнер. Токму затоа може да се случи да поминете неверојатно интимна ноќ со некого, но кога ќе се раздени, да сфатите дека немате за што да разговарате.

Според тоа, мажот е повеќе склон да ја земе моменталната физичка привлечност во номинална вредност, додека дамата е повеќе склона да ја „види“ рамнотежата и зрелоста на еден дечко и начинот на кој таа се поврзува со него, додека неговиот надворешен изглед е секундарно прашање.

Културни влијанија врз улогата на романтиката
Друго истражување ги спореди мажите и жените од Северна Америка и дојде до заклучок дека постои многу поголема веројатност мажот да одлучи да се ожени пред жена. И без да им дава приоритет на силните емоции во врската, а понекогаш дури и да не е воопшто заљубен.

И ова се резултатите, барем кога се во прашање белците, Хиспанците и Афроамериканците во САД. Но, изненадување беа Кинезите, кои се покажаа како најромантичната група мажи. Меѓу нив постоело општо верување дека „љубовта може да ја надмине секоја препрека“.

Истата студија исто така откри дека жените му придаваат многу поголемо значење на „физичкото задоволство“ од мажите.

Како романтиката е поврзана со еволуцијата
Друга студија објаснува дека ние всушност ја донесуваме одлуката да формираме врска како дел од нашата интуитивна потрага по партнер. Токму ова е причината поради која многумина претпочитаат да останат во незадоволителна врска отколку да немаат воопшто врска. Сепак, интересно е што во оваа студија немаше разлика помеѓу мажите и жените.

Истата студија покажа дека романтиката на почетокот на врската е поврзана со делот од нашиот мозок кој е поврзан со мотивација и награда. Истражувачите веруваат дека тоа е директно поврзано со нашите примарни инстинкти во потрагата по „пожелен партнер“, кој, како што тврдат, „има важно влијание врз нашето социјално однесување кое има репродуктивни и генетски последици“.

Значи, романтиката или додворувањето со генерации се потпира на овие потенцијални последици, односно мажите таргетираат потенцијална партнерка, а потоа доаѓа романсата, додека женската романса се заработува преку емотивните врски кои се развиваат со текот на времето. Така, мажите веројатно не се поромантичниот секс, едноставно им се допаѓа тоа што го гледаат.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close