ЉУБОВ И СЕКС

Идеи за поинакви Новогодишни подароци

Кого и да прашате за тоа кој е најубавиот дел од годината – со сигурност ќе добиете одговор дека тоа е периодот околу Новогодишните празници. Време на славење, време на подарување, време кога владее некоја неопислива магија во воздухот, сите се опуштени и среќни и во исчекување на новата, подобра година што следи. Па затоа, луѓето си подаруваат подароци кои традиционално, се оставаат под новогодишната елка и се отвараат за време на празниците. Па, зошто не ги изненадите најблиските со нешто иновативно и секси, а сепак, практично? Зошто секоја година да се повторувате со истите подароци? Преземете ја иницијативата во свои раце и бидете уникатни.

Подарувањето на секс играчки со сигурност можеме да кажеме дека и не е табу-тема, како што беше порано. Луѓето со текот на времето станаа многу поотворени за експериментирање во сексуалниот живот, поподложни се на истражување и уживањето во сето тоа. Ние ќе ви предложиме празнични идеи за секси подароци. Слободно погледнете, направете анализа, истражете и одберете си уникатен подарок за вашите блиски оваа година, по што ќе ве паметат долго. А со сигурност ќе го користат подарокот во текот на целата година 🙂

ПОДАРОЦИ ЗА НЕА

Вибратори

Тука спаѓаат буквално сите типови на вибратори кои можат да се употребат за време на предиграта, во самозадоволувањето, или пак, за време на сексот. Според досегашните анализи и искуства, жените најмногу уживаат во Rabbit вибраторите и стимулаторите на клиторисот. Но, исто така, сигурно нема да згрешите доколку подарите љубовно јајце или Bullet вибратор. Најважно е да го истражите квалитетот на производот. Ние ви препорачуваме силиконски производи, бидејќи се најдобриот и најбезбедниот избор при купување на подарок за друг.

Секси долна облека

Не постои жена на светот која ќе остане рамнодушна на ексклузивно парче секси долна облека. Ова е подарок со кој во ниеден случај нема да погрешите. Во природата на секоја жена е да се чувствува сензуално, заводливо и посакувано. Она околу кое можеби најмногу треба да се фокусирате додека избирате – е да обрнете внимание на нејзините омилени бои. Секако, и на големината на долната облека. На крајот на краиштата, доколку не можете да одлучите, црната е секогаш прикладен избор.

Колекција од 50 нијанси сиво

Особено погоден сет за личност која ги прочитала сите книги, односно, продолженија на познатата Педесет нијанси сиво. Или доколку го изгледала филмот повеќе пати 🙂

Доколку е тоа така, тогаш слободно искачете ја еден level up 🙂 Со сигурност нема да и пречи! Нека нејзината спална соба биде мало царство каде ќе тлее вистинска страст 🙂

ПОДАРОЦИ ЗА НЕГО

Прстен за пенис

Најпогоден за оние мажи кои неуморно сакаат да експериментираат со секс играчки и кои знаат што сакаат. Прстените за пенис се дефинитивно одличен избор за нив.

Наменет е за продолжување на ерекцијата, за зајакнување и зацврстување, што интензивно ја зголемува и самодовербата. Визуелното и евидентно зголемување на пенисот –  сигурно ќе му бидат ново и невообичаено искуство. Постојат модели што истовремено ја стимулираат и жената па ова е идеален поклон во кој може да уживате и двајцата. Зошто не го почестите со тоа уште веднаш? 🙂

Мастурбатор

Подарок кој фантазиите ги претвора во реалност. И тоа во слатка реалност !

Мастурбаторите се уреди кои се користат за сексуално уживање и возбудување. Тие се често изработени од материјал кој е сличен на човечка кожа и се користат за мастурбација. Постојат различни видови мастурбатори, вклучувајќи оние што се направени за мастурбација со рака, оние кои се користат со вода и оние кои се користат со електрична енергија.

Наша препорака се брендовите Fleshlight или Tenga, како едни од најквалитетните и најистакнатите досега по своите карактеристики.

Вибратори за парови

Како што и самите црпиме заклучок од називот, овие вибратори се дизајнирани за истовремена стимулација и на мажот и на жената. Најчесто, на пазарот се наоѓаат во облик на буквата С. Можете да заклучите дека задоволството доколку го подарите овој вибратор ќе биде обострано – што значи нема да израдувате само една личност туку две 🙂 Практичен подарок е и за паровите кои опстојуваат во врска на далечина, бидејќи постои можност за контрола преку мобилна апликација, но секако и за сите останати кои целат кон зближување со партнерот и подобра стимулација на клиторисот и Г-точката.

Облека за играње улоги

Дефинитивно, нема човек на светот кој не сака промени. Особено во сексуалниот живот. Зошто уште веднаш не помогнете некому да ги реализира најскриените секс фантазии? На пазарот постојат најразновидни секси костими и униформи кои се користат за време на сексот. Подарете некому уноформа во стилот на полицаец, полицајка, стјуардеса, пилот, медицинска сестра и што уште не… Изборот е ваш! Не чекајте ни миг повеќе, идеите ви се на располагање. Или, едноставно, можеби уживате во ставањето на маски и превез на очите? Како и да е, започнете со подготовките!

Доколку ви се допаѓаат овие идеи за подарок, погледнете слични прозиводи на LoveGuru.mk

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close