ТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм воведува нова функција: Ќе ги израдува родителите, а тинејџерите ќе ги налути

Социјалната мрежа Инстаграм ја претстави својата нова опција наменета за тинејџерите.
Платформата Инстаграм испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, во која ги повикува да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 4 часот, со цел да ги поттикне да воведат поздрав начин на живот.

Инстаграм

„Спиењето е важно, особено за младите, па затоа објавуваме нови вечерни пораки кои ќе се појавуваат кога тинејџерите откако ќе поминат повеќе од 10 минути на Инстаграм, кога гледаат рилови или директни пораки доцна навечер. Ќе ги потсети тинејџерите дека е доцна и ќе ги поттикне да ја исклучат апликацијата“, се вели во соопштението на Мета објавено вчера на нејзината веб-страница.

Младите на својот профил од 22 часот ќе добијат порака „Доцна е. Размислете за исклучување на Инстаграм преку ноќ“ доколку користат одредени функции на социјалната мрежа.

Според Инстаграм, оваа порака нема да се појави доколку младите користат други алатки на платформата, како што се сторињата.

Овие известувања во никој случај не ги обврзуваат младите да ги почитуваат, а оние кои не ја пријавуваат вистинската возраст при отворање на профилот можат целосно да ги избегнат.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close