ТЕХНОЛОГИЈА

Нова услуга на НЛБ Банка: Со NLB Smart POS, мобилниот телефон станува ПОС терминал

НЛБ Банка воведува нова услуга, целосно ново технолошко решение за прифаќање на бесконтактни плаќања со картички, NLB Smart POS, со кое трговците можат да го користат мобилниот телефон како ПОС терминал. NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на ПОС терминал во земјава, една од најнапредните технологии во областа на плаќањата со картички, која им овозможува на трговците да прифаќаат плаќања со картичка без дополнителен хардвер.

NLB Smart POS

NLB Smart POS претставува совршена алатка за сите трговци како ресторани, фризери, козметички салони, такси возачи, цвеќарници, пекари, курири, кои до сега не можеа да им понудат на своите корисници начин на плаќање без готовина.  Со помош на апликацијата NLB Smart POS, трговците од сите големини, особено малите и средни, отсега можат да ги наплаќаат своите производи и услуги без готовина, без потреба да имаат стандарден ПОС терминал, со едноставно и безбедно прифаќање на плаќања со картички преку мобилен телефон.

Апликацијата NLB Smart POS е инсталирана директно на мобилниот уред на трговецот и/или неговиот продажен персонал, а сите наплатени средства стигнуваат на сметката на трговецот. На тој начин телефонот може да прифаќа бесконтактни плаќања со платежните картички на VISA и Mastercard издадени од која било банка, преку мобилните апликации за плаќање Google pay, Garmin Pay и други.

NLB Smart POS има бројни придобивки и за сопствениците на бизниси и за клиентите, физички лица. Благодарение на можноста за бесконтактно плаќање со картичка или мобилен уред на кое било место или повеќе мобилни уреди на едно продажно место, сопствениците на бизниси имаат можност да ја зголемат продажбата, а клиентите имаат подобрено корисничко искуство. Дополнително, голема предност за трговците е што апликацијата е бесплатна за преземање на Play store, а воедно и поедноставна за инсталирање и одржување за разлика од стандардниот ПОС терминал.

NLB Smart POS е достапен за сите трговци, без оглед на продажната или услужната дејност за која се регистрирани. За сите нови корисници на услугата до 30.06.2024, НЛБ Банка овозможува промотивна поволност, 6 месеци без месечен надоместок за користење на NLB Smart POS.

Повеќе информации за апликацијата, на веб-страницата на НЛБ Банка или во Контакт центарот, на телефонскиот број 15 600.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close