ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung подготвува два нови брзи полначи за претстојните телефони

Заедно со новата серија телефони, Samsung најверојатно ќе ги претстави и своите два нови полначи. Еден ќе има дури и две USB-C порти за полнење.

Samsung подготвува два нови брзи полначи

Самсунг на 17 јануари ќе ја претстави новата серија на телефони, Galaxy S24, заедно со која би можеле да најават и нови брзи полначи. Роланд Куанд, познат свиркач во секторот за паметни телефони, објави на X дека јужнокорејската компанија развива два нови полначи.

Првиот ќе биде жичен Samsung Charger Duo од 50 W со две USB-C порти, што значи дека максималната брзина на полнење на една порта најверојатно ќе биде 45 W, додека при користење на двете ќе биде 25 W. Бројот на моделот на овој полнач е EP-T5020.

Вториот полнач, моделот EP-T411, е освежување на адаптерот од 45W на Samsung (EP-T4510) и засега не се знае какви промени носи.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close