ЗАНИМЛИВОСТИ

Неколку причини зошто да се заљубите во маж кој сака мачки!

Што ги прави љубителите на мачки толку посебни? За кучињата најчесто се зборува како за животни кои се многу дружељубиви, лојални и интересни, па со тоа е поврзано и тоа што луѓето што се сопственици на кучиња се такви.

Но, што е со оние кои сакаат мачки? За нив ретко се зборува, а има добри причини зошто мажот кој сака мачки би бил човекот за кој сонувате. Затоа денес ви претставуваме добри причини кои ќе ве натераат да размислувате поинаку за маж кој сака мачки:

  • Луѓето кои сакаат мачки не очекуваат да бидат сакани веднаш, но знаат како да заработат љубов, секако, тоа мора да биде взаемно и љубовта да ја „заработите“ од нивна страна.
  • Кога ќе стекнат доверба во вас и ќе бидат сигурни дека се заљубени во вас и дека ве сакаат, ќе бидат многу верни и лојални.
  • Можат да трпат многу и се толерантни.
  • Луѓето кои сакаат мачки се чувствителни души кои секогаш ќе размислуваат за вашите потреби но, тие разбираат и кога да се стават себеси на прво место.
  • Особено се добри кога ништо не треба да се направи и уживаат во лежење наоколу.
  • Луѓето кои сакаат мачки имаат одлично чувство за авантура и таков дух.
  • Најчесто се навикнати да стануваат рано наутро без будилник.
  • Тие веруваат дека ако сите луѓе го прават истото, тоа не значи дека тоа е добро за нив.
  • Сакаат кога имаат време да бидат сами, па ја почитуваат туѓата потреба за осаменост.
  • Знаат дека кој дреме заедно, останува заедно.
  • И тие се одлични партнери за спиење бидејќи се многу мирни во кревет и имаат мирен сон.
  • На почетокот можат да бидат срамежливи но, тие се многу отворени и опуштени кога подобро ќе ги запознаете.
  • Имаат одлична смисла за хумор.
  • Можат да бидат многу грижливи.
  • Знаат секогаш да останат позитивни, дури и кога ситуацијата не е баш таква.
  • Никогаш нема да ве контролираат и не се навикнати да бидат главни.
  • Љубителите на мачки никогаш нема да ја земат вашата љубов здраво за готово.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close