ТЕХНОЛОГИЈА

Нови содржини на SkyShowtime во мај 2023

Што има ново на SkyShowtime овој месец?

Секогаш кога имаме малку повеќе слободно време, често се решаваме да погледнеме што ни нудат стриминг платформите и да одбереме некој популарен филм или интересна серија за гледање. Следниот месец ни носи неколку возбудливи премиери на нови серии и филмови на стриминг платформата SkyShowtime, а ние ги издвоивме најинтересните кои сметаме дека треба да ги погледнете.

Добредојдовте во Коста дел Криминал!

Новата крими серија „A Town Called Malice” ја раскажува семејната сага на Лордовите во раните 80-ти, кога оваа лоза на екс-ганстери од Јужен Лондон падна на дното на криминалниот синџир на исхрана и не се среќни поради тоа. По една неизбежна пресметка, тие бегаат во шпанскиот град Коста дел Криминал, со мисија да ја обноват нивната поранешна слава. Во главните улоги се појавуваат Марта Пимплтон, Елиза Батерворт, Џек Роуан и култниот британски актер Џејсон Флеминг. Првите три епизоди од серијата ќе бидат достапни на стриминг платформата SkyShowtime од 12 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат секоја следна недела.

Ако ви здодеа од стотиците британски и американски серии продуцирани во последните години, SkyShowtime има одлична идеја за вас. Дајте шанса на некоја од новите серии од европска продукција, како што се чешката „Czech it Out” или германската „Hackerville” – двете од нив жанровски многу различни, но секоја со доволно интересна содржина за да ви го задржи вниманието.

Дознајте ги опасностите од сајберкриминалот со „Hackerville”

Кога трагите за еден хакерски напад на голема германска банка ќе водат до Романија, експертката за БКА за сајберкриминал Лиза Мец (Ана Шумахер) ја испраќаат од Франкфурт во Темишвар, нејзиниот роден град, за да работи со локалните истражувачи. Пристигнувајќи во земјата која ја напуштиле нејзините родители кога била мала, Лиза открива дека истовремено ѝ е далечно позната и крајно туѓа. За првпат во животот, мора да се соочи и со мрачното минато на своето семејство…

Премиера на кулинарската серија Czech it Out!

Познатиот љубител на храна Лукаш Хејлик и неговата ќерка тинејџерка Клара Хејликова тргнуваат во уникатна авантура низ Чешка, за да ја откријат сета храна, култура и форма на забава која ја нуди нивната земја. Тие заедно ја истражуваат Моравија, Бохемија и другите прекрасни краишта од Чешка и ве покануваат и вие да ја проучите оваа европска земја заедно со нив.

„Vengeance”: Еден подкаст, убиство и многу интрига

Иако многумина го препознаваат по комичната улога во серијата „The Office”, овојпат Би Џеј Новак се враќа во улога на сценарист, режисер и актер во неговото дебитантско авторско остварување „Vengeance”. Филмот ја раскажува приказната за новинар кој има сопствен подкаст и тргнува од Њујорк во Тексас за да го истражи убиството на девојка со која некогаш бил заедно. Покрај Би Џеј Новак, дел од актерската екипа се и Иса Реј, Ештон Качер, Џеј Смит-Камерон и Дав Камерон.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close