СВЕТ

Москва возвраќа: На компаниите од непријателските земји им е забрането да превезуваат стока во Русија

Руската влада воведе забрана за патен транспорт на стоки низ територијата на земјата за компании од земји кои воведоа ограничувања за транспорт против Русија. Указот го потпиша премиерот Михаил Мишустин. Забраната се однесува на земјите членки на Европската унија, Велика Британија, Норвешка и Украина.

Москва

Како што е наведено во документот, забраната се воведува како одговор на ограничувањата наметнати од тие земји за руските граѓани и руските правни лица во сферата на меѓународниот патен транспорт на стоки.

Уредбата стапува во сила на 10 октомври и ќе важи до 31 декември годинава.

Владата, исто така, воспостави листа на стоки што ќе бидат изземени од санкции – тоа се различни видови храна, лекови и пластични производи.

„Како што соопшти Министерството за транспорт на Русија, стоката ќе продолжи да се доставува со патен транспорт од непријателските земји преку територијата на Русија до крајните примачи. За таа цел, стоките од странски возила ќе бидат претоварени (или прикачени на полуприколка) на руски и белоруски транспортни средства на царинските пунктови во пограничните области на регионите Псков, Калининград, Ленинград и Мурманск, Република Карелија и Санкт Петербург“, се објаснува во документот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close