СВЕТ

Научниците со нова технологија успешно го отстранија ХИВ од заразените клетки

Тим научници од Универзитетот во Амстердам ги претставија раните наоди за успешно отстранување на вирусот ХИВ од инфицираните клетки со помош на техниката на генетски инженеринг CRISPR.

Со оваа техника „лошите“ делови од ДНК се сечат на молекуларно ниво, а научниците се стремат еден ден целосно да го исчистат телото од ХИВ, иако напоменуваат дека ова откритие е само „доказ за концепт“ и дека нема да стане лек за ХИВ долго време, пренесува Би- Би-Си Њуз.

успешно го отстранија ХИВ од заразените клетки

– Ќе биде потребна многу повеќе работа за да се покажат резултатите од овие тестови на целото тело, за идните терапии – изјави Џејмс Диксон, вонреден професор по технологии за матични клетки и генетска терапија на Универзитетот во Нотингем.

Креаторите на технологијата CRISPR ја добија Нобеловата награда за хемија во 2020 година, а Нобеловата фондација рече дека таа „има револуционерно влијание врз науката за животот, придонесува за нови терапии за рак и може да го оствари сонот за лекување на наследни болести“.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close