СВЕТ

Во Хонг Конг во март е забележана највисока температура во последните 140 години од 31,5 степени

Во Хонг Конг денеска е забележана највисоката температура во март во последните 140 години од 31,5 степени Целзиусови, соопшти градската опсерваторија.

Тоа е највисоката температура во март во Хонг Конг од почетокот на евиденцијата во 1884 година, објави Блумберг.

Хонг Конг

Во градот Шенжен на југоистокот на Кина денеска е измерена температура повисока од 31 Целзиусови степени.

Опсерваторијата на Хонг Конг во четвртокот предупреди дека се очекува градот да има надпросечни температури оваа година.

Хонг Конг го имаше најжешкото лето забележано минатата година со просечна температура од 29,7 степени Целзиусови помеѓу јуни и август, соопшти опсерваторијата во јануари.

Во Хонг Конг, сите 12 месеци од минатата година беа потопли од просекот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close