СВЕТ

Врат поголем од целото тело: Пронајден фосил стар 240 милиони години

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот на Тријас, кој припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis, кој првично беше идентификуван во 2003 година.

Пронајден фосил стар 240 милиони години

Фосилот е стар 240 милиони години и бил наречен „змеј“ бидејќи има исклучително долг врат, објави Би-Би-Си.

Ник Фрејзер од Националниот музеј на Шкотска, кој беше дел од меѓународниот тим кој го проучуваше фосилот, изјави за Би-Би-Си дека е првпат научниците да можат да видат фосил од неговиот вид во целост.

Фрејзер истакна дека тоа е многу чудно животно кое има екстремитети слични на перки и дека неговиот врат е подолг од остатокот од телото и опашката заедно. Фрејзер претпостави дека „долгиот, свитлив и флексибилен врат“ му дава на животното поголеми ловечки способности, овозможувајќи му да бара храна во подводните пукнатини.

Фосилот е откриен во антички наоѓалишта на варовник во јужна Кина. Научниот труд кој го опишува новооткриениот фосил е објавен во академското списание „Earth and Environmental Science“.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close