ЗДРАВЈЕ

Јадете со раце, здраво е! Тоа е нова препорака за навиките на маса

Не е учтиво, но поздраво е да се јаде со раце, велат експертите. Може да ви помогне во подигнување на виталноста на организмот.

Новата студија објавена во списанието „Clinical Nutrition“ покажа дека менувањето на навиките во исхраната спречува некои здравствени ризици, така што нема да бидете изложени на ризик да добиете дијабетес тип 2, ќе го подобрите варењето, нема да се прејадете и тоа е еден од начините да останете витки.

Луѓето кои јадат брзо имаат поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2. Со оглед на тоа дека оброкот со вилушка и нож одзема помалку време од оној на кој би ги користеле само рацете, јасно е зошто е подобро да се јаде „грубо“ секогаш кога имате прилика. Не само што јадете побавно со прстите, туку јадете и помалку.

Ако јадете со прсти, во организмот ќе внесете корисни бактерии кои се важни за органите за варење. Освен тоа, нервните завршетоци во прстите пренесуваат пораки до мозокот за храната (без разлика дали е млака, врела, топла, тврда, ретка), при што дигестивниот систем е подобро подготвен.

Ако јадете со прсти, во организмот ќе внесете корисни бактерии

Една студија објавена во списанието „Personality and Social Psychology“ покажа дека семејствата кои јаделе со раце имаат помалку дебели луѓе кои станале дебели поради прејадување. Исто така, истражувањата покажаа дека овој проблем успешно се решава кај децата доколку им се дозволи да јадат со прсти (секако доколку дозволува храната).

Истражувачите кои проучувале повеќе од 1.600 средовечни жени во Нов Зеланд откриле дека оние кои јаделе додека работеле нешто друго, јаделе повеќе храна од оние кои јаделе полека на масата.

Кога јадете со раце, не можете да правите ништо друго бидејќи рацете ви се зафатени и „валкани“.

А во ресторан?

Дома можете лесно да јадете со прсти, но треба да знаете дека во рестораните некоја храна се консумира без помош на вилушка.

Слободно јадете риба, школки, ракови со прсти, но држете ги салфетите секогаш блиску. Избришете се по речиси секој залак. Сендвичи, батаци од пилешко и жаби, пица…

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close