ЗДРАВЈЕ

Гранола – слатко и здраво уживање за појадок или вечера

На пролет природата се буди и често луѓето посегнуваат кон нови навики за да ги подобрат своите животи со поздрави избори. Промената на годишното време ни дава мотивација да направиме промена и кај себеси, па многупати решаваме да воведеме некоја нова состојка или оброк во исхраната кој е здрав и корисен.

Вкусен, лесен и секогаш добредојден избор на здрава храна е гранолата без додаден шеќер на Виталиа, која доаѓа во различни вкусови, а може да биде совршен избор за појадок, закуска или вечера.

Оброците без додаден шеќер се секогаш добредојдени, особено периодов помеѓу постите и потоплите месеци, во кој за убаво внатрешно чувство и добро расположение е потребно повеќе енергија, а помалку калории. Гранолата без додаден шеќер на Виталиа ви дава опција да ја комбинирате на повеќе начини, да ја носите со себе и да ја консумирате на повеќе начини – со млеко, чај, јогурт, па дури и како закуска за грицкање. Се работи за слатко уживање што нема само хранлива вредност, туку е возбудлив микс на вкус и здрави состојки истовремено.

Во подлабока смисла, овој лесен оброк нуди не само крцкаво ”crunchy” искуство, туку и здрава подлога богата со влакна и хранливи материи. Гранолата е  комбинација со целозрнести овесни снегулки и јатки за да се добие совршено крцкава рецептура, а паралелно и имаат здравствени придобивки (масти и протеини) особено за кардиоваскуларниот систем.

Трите различни вкусови нудат и различни искуства, во зависност од тоа што преферирате. Препечениот кокос во Гранолата со кокос и лешник додава суптилна слаткост и егзотичен шмек, а темното чоколадо дава интензивен вкус совршен во комбинација со млеко.

Доколку сте љубител на  белото чоколадо, гранолата со кокос и бадем или со црвено овошје се вистинските производи за вас.

Виталиа гранола ќе го направи вашиот оброк полн со вкус и со врвна крцкавост, што буквално е авантура што исполнува со енергија, виталност и радост. Започнете ја оваа пролет како сезона на обновување, што не значи само подобрен изглед на телото, туку и подобрување на навиките, здравјето, духот и допирот со природната состојба на човечкото тело. Изберете Виталиа гранола, за вашиот следен вкусен оброк!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close