ЉУБОВ И СЕКС

„Зрелите дами се подобри љубовници!“ Причини поради кои мажите се почесто ги избираат

Експертите за врски тврдат дека повозрасните жени се подобри љубовници бидејќи знаат што прават и сакаат да доминираат, што дополнително го возбудува и мотивира машкиот пол.
Помеѓу помладите и повозрасните жени, слободните мажи денес почесто ги избираат повозрасните и само поради една причина – мислат дека се подобри во кревет.

Сексолозите тврдат дека повозрасните жени се подобри љубовници бидејќи знаат што прават и сакаат да доминираат, што ги возбудува мажите. Отворено покажуваат што им се допаѓа, прилично се самоуверени и не им е непријатно да даваат инструкции во кревет.

Трејси Кокс, познатиот сексолог, самоуверено тврди за „Дејли мејл“ дека тоа е вистина и лесно го поткрепува својот став со набљудувања од разговори со пациенти.

Тие знаат што прават
Повозрасните жени веќе имаат неколку врски зад себе и веројатно поголем број сексуални партнери. Тие знаат како да се справат со одредени ситуации во кревет.

Сакаат да доминираат
Поради нивното искуство, понекогаш сакаат да ја преземат главната улога во креветот, особено ако се работи за секс со помлад маж. Иако таквиот развој на ситуацијата надвор од креветот може да биде доста проблематичен, тоа функционира многу добро во спалната соба, според Трејси Кокс.

Тие не брзаат
Искусните жени сакаат подолга предигра и не се срамат од тоа како некои помлади жени. Свесни се за фактот дека бавниот и долг секс носи двојно уживање и за неа и за нејзиниот партнер.

Тие покажуваат што им се допаѓа
На мажите им се допаѓа кога жената јасно објаснува што сака во кревет, а повозрасните жени се однесуваат како учителки.

Тие не се срамежливи
Повозрасните жени не се плашат да побараат од партнерот да ги задоволи на начин кој најмногу им одговара. Помладите жени се срамат отворено да ги изразат своите скриени желби.

Тие се самоуверени
Самоуверените жени во кревет се многу посакувани љубовници за повеќето мажи. Експертите сметаат дека самодовербата во кревет е клучна особина на која помладите мажи тешко можат да и одолеат.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close