АСТРОЛОГИЈА

Љубовен хороскоп до 27 април! Лавовите започнуваат заеднички живот, Рибите се зафатени, а еве за кој знак страста не е важна

Венера, планетата на љубовта, останува во Овен до 29 април, па носи многу флерт, ненадејни романси и страст.

Овен
Ќе зрачите со неодолив шарм. Вашата привлечност, која инаку е впечатлива, ќе биде уште поизразена од оваа недела. Никој нема да може да ви одолее, поради што ќе имате повеќе понуди за љубов отколку што треба или сакате да имате.

Бик
Ќе запознаете двајца помлади луѓе, и двајцата ќе ви се допаднат подеднакво. Исто така, можно е да остварите комуникација со личност што ви се допаѓа од претходно доколку постои таква личност. Апетитите ќе ви се зголемат, но можеби немате можност да ги задоволите.

Близнаци
Добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. Инаку, вие сте многу елоквентни и слаткоречиви, што ни најмалку не одмага кога е љубовта во прашање. Можно запознавање со атрактивна помлада личност или поинтересни личности.

Рак
Со партнерот одлично ќе се согласувате. Новото ниво на хармонија ќе ве воодушеви, бидејќи хармонијата и мирот во куќата ви се најважни. Ако сте имале некакви проблеми во врската во минатото, сега е време да израмните се без премногу мака.

Лав
Активен домашен живот и уживање во кругот на семејството. Ако веќе не живеете со партнер, тогаш ќе добиете огромна желба да го промените тоа и да се обидете да живеете заедно. Ќе ви изгледа како одлична идеја без разлика дали околностите дозволуваат таков развој на настаните.

Девица
Ќе имате можности во љубовната сфера, некој ќе ве привлече или ќе запознаете стара љубов која повторно ќе ве интересира. Проблемот е што сето тоа ќе изгледа нестабилно и моментално, не ветувајќи трајност или сериозност.

љубовен хороскоп

Вага
Вашиот љубовен живот ќе добие на квалитет. Ако веќе сте во врска, љубовта ќе процвета, а ако сте слободни ќе ви се даде можност да влезете во врска. Ќе бидете опкружени со атрактивни луѓе и расположени за романса.

Скорпија
Ќе бидете многу страсни и енергични, но и ќе ја наметнете својата волја и желба да доминирате. Сето ова ќе ве направи уште попривлечни, но и ќе ја оневозможи хармонијата на долг рок. За среќа, оваа внатрешна нерамнотежа нема да трае долго.

Стрелец
Партнерот ќе биде многу сентиментален и фокусиран на семејството или уживањето во интимната атмосфера на домот, додека вие ќе имате потреба да патувате и да искусите нешто ново, да запознаете некој нов. Ова може да создаде тензија во врската.

Јарец
Лесно ќе воспоставите ментална блискост со другите. Некоја личност од вашата околина ќе ве заинтригира, поради сличните погледи на животот и работите. Нема да биде најважна страста, туку разбирањето и менталната компатибилност.

Водолија
Ќе се отворат нови можности во вашиот љубовен живот и општата атмосфера ќе биде позитивна. Оптимизмот кој ќе преовладува ќе ве наведе да преземете значајни чекори кон трансформирање на вашата врска во форма која најмногу ви одговара во моментот.

Риби
Ќе бидете премногу зафатени за да се занимавате со љубовниот живот. Астролозите советуваат сепак да најдете време и енергија за љубов, бидејќи во спротивно може да имате проблеми затоа што го запоставувате партнерот или затоа што не сте најдоброто друштво овие денови.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close