ЉУБОВ И СЕКС

Колку често треба да водите љубов за да бидете среќни?

Едно истражување направено во Америка покажало дека најсреќни парови се оние кои водат љубов еднаш неделно.

Во јавна анкета спроведена од научници од Универзитетот во Чикаго, околу 660 луѓе, кои се во брак, споделиле детали од нивниот сексуален живот.

Имено, податоците покажале дека најсреќни се паровите кои имаат секс еднаш неделно. Ако сексот се случува поретко, задоволството во врската е помало.

Се покажало и дека секој четврти брачен пар води љубов еднаш неделно, додека само 5 отсто од нив водат љубов четири или повеќе пати неделно.

Докторката која го водела истражувањето, д-р Шамира Хауард, додала дека зачестеноста на самиот однос всушност не е показател за сексуално задоволство.

Истиот заклучок може да се најде во студијата објавена во 2015 година во списанието Social Psychological and Personality Science. Оваа студија покажала дека паровите се најсреќни кога имаат секс еднаш неделно.

Интересно, студиите спроведени меѓу луѓе над 50, како и над 70 и 80 години покажуваат дека фреквенцијата на сексуална активност се намалува со возраста. Сепак, сè уште постои значителен процент на луѓе кои се сексуално активни дури и во подоцнежните години.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close