МАГАЗИН

Деми Мур ја откри тајната на витката линија: Еве што јаде за на 61 година да има толку убаво тело и да изгледа двојно помладо!

Деми Мур (61) неодамна беше на прослава организирана од познатиот бренд „Dolce & Gabana“ во Милано. Таа носеше проѕирен фустан кој го откри нејзиното жешко тело и го привлече вниманието на присутните и медиумите ширум светот. Сите се прашуват како таа има толку совршена линија во нејзините 60-ти.

Деми Мур

Прифатете го вашето тело

„Кога бев помлада држев строга диета и внесував многу малку калории, а потоа дознав дека тоа не дава најдобри резултати, а освен тоа не е здраво“, рекла Деми. Таа истакнува дека „Прифаќањето на вашето тело е клучот за среќата и да се чувствувате добро“ и додава: „Кога ќе сфатите дека телото што го имате е најубаво и дека треба да се чувствувате убаво во него, тогаш сè се менува“.

Деми Мур

Умерено јаде, умерено вежба

Деми вели дека клучот за добра форма е умереноста. „Јадам умерено и вежбам умерено, бидејќи сфатив дека екстремите не мора да водат до успех. Се исцрпував со вежбање во теретана и се уште не бев задоволна од својот изглед, денес само вежбам помалку, но никогаш не сум била посреќна“, изјавила познатата актерка.

Најмногу се труди да се храни здраво, но еднаш неделно јаде малку слатко и „забранети“ калории. Шест дена во неделата јаде нискокалорична храна, но недела е ден за опуштање. Поголемиот дел од нејзиното мени се состои од протеини, кои се важни за градење мускули и добро здравје.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close