СВЕТ

Залужни: Речиси 9.000 украински војници загинаа во војната

Речиси 9.000 украински војници загинале во војната со Русија, изјави денеска врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.

На прес-конференцијата одржана во чест на загинатите и воените ветерани, Залужни рече дека е неопходно да се заштитат децата во неколку делови на земјата, вклучително и во Киев.

Тие навистина не разбираат ништо што се случува и дефинитивно им е потребна заштита, бидејќи нивниот татко замина на фронтот и можеби е еден од тие речиси 9.000 херои кои беа убиени – рече Залужњи.

Тој не соопшти детали и не кажа дали во билансот на загинатите се вклучени сите загинати во борбите, како што се граничарите.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close