СВЕТ

Сателит паѓа на Земјата

Револуционерниот европски сателит за далечинско набљудување ERS-2, лансиран во 1995 година, треба да падне на Земјата оваа вечер.

Европската вселенска агенција (ESA) тврди дека поголемиот дел од овој сателит ќе изгори на патот кон Земјата.

ERS-2

Сепак, можно е некои делови да ја издржат топлината што ќе се создаде при спуштањето со голема брзина, иако шансите овие фрагменти да паднат на населени места и да предизвикаат штета се мали.

Делови од сателитот би можеле да паднат речиси каде било во светот, најверојатно ќе паднат во морето, јавува Би-би-си.

„ESA“ лансираше два речиси идентични сателити за далечинско набљудување на Земјата во 1990-тите.

Тие беа најсофистицираните планетарни набљудувачи во своето време, со пакет инструменти за следење на промените на копно, во океаните и во воздухот.

ERS-2, првиот што се врати на Земјата, првично беше поставен на 780 километри над планетата, а инженерите ги искористија неговите резерви на гориво во 2011 година за да го спуштат на височина од 570 километри.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close