СВЕТ

Шпанија руши бариери! Мар Галсеран е првата парламентарка со Даунов синдром

Мар Галцеран неодамна влезе во историјата во Шпанија, станувајќи првата парламентарка во земјата со Даунов синдром. Галцеран долго време имала политички амбиции. Таа се приклучила на конзервативната Народна партија кога имала 18 години и напредувала во редовите на партијата. Во мај 2023 година, таа била додадена на листата на кандидати за пред регионалните избори во Валенсија. Набргу потоа, таа добила место во регионалниот парламент.

Галцеран положила заклетва на нејзината позиција како регионален парламентарец во септември 2023 година. „Мораме да ги искорениме стереотипите, би сакала да не третираат како луѓе и да не се гледа само во нашата попреченост. Општеството почнува да гледа дека луѓето со Даунов синдром имаат многу да придонесат. Но, тоа е многу долг пат“, рече таа, веднаш штом застана на говорницата. „Секој може со одлучност да ги постигне своите цели“, било напишано во партиското соопштение.

Успехот на Галцеран во политиката и нејзината позиција како единствена личност со Даунов синдром во шпанскиот парламент е значаен момент за претставување на лицата со Даунов синдром во Шпанија, Европа и на глобално ниво. Исто така, се смета дека Галсеран е првиот човек со Даунов синдром кој е член на регионалниот или националниот парламент во Европа. Галцеран има поминато повеќе од две децении работејќи како државен службеник, со фокус на политиката која се однесува на подобрување на инклузијата за лицата со интелектуална попреченост. Работела и во организација која ги поддржува децата со Даунов синдром. Таа има и свој идол и ги следи нејзините стапки, а тоа е Анџела Бачилер. Некои проценки велат дека светската популација на луѓе со Даунов синдром е повеќе од 5,4 милиони во целиот свет. Потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали оваа бројка е точна.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close