СВЕТ

Уапсен таткото на момчето кое пукаше во училиштето во Врачар

Таткото на К.К. (14), осомничен дека утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ убил девет лица, меѓу кои и еден чувар, денеска е уапсен, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ. Гашиќ изјавил дека двата пиштоли кои биле пронајдени кај момчето имале законски дозволи.

– Родителот тврди дека имал повеќе оружје и дека го чувал заклучен. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година и дека сефот имал шифра. Очигледно, детето ја имало шифрата штом успеало да ги фати тие два пиштола. И три рамки полни по 15 куршуми – изјавил Гашиќ.

Тој додаде дека според неофицијални информации момчето заедно со таткото идело на лов, па така научило да пука.

– Во секој случај, ќе бидат преземени правни мерки и против таткото – заклучи Гашиќ.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close