СВЕТ

Новак Ѓоковиќ заплака на пречекот во неговата Србија

Дека Србија е земја на спортот, одамна е докажано, а потврди за тоа пристигнуваат последните денови. Се беше крунисано со спектакуларен пречек на кошаркарите и Новак Ѓоковиќ, чие доаѓање беше изненадување за сите присутни.

Новак се појави на балконот пред своите луѓе со пехарот освоен на УС Опен. Тоа беше 24. Грен слем титула за Ѓоковиќ, потврда за титулата GOAT. Српскиот тенисер доби спектакуларен пречек и не можеше да ги контролира емоциите.

– Ретки се моментите кога останувате без зборови, а така е и сега. Ова за мене е остварување на детскиот сон… Како мал бев таму, со вас, во толпата, славејќи ги големите медали на сите луѓе кои ја претставуваа Србија во светот. Имав чест неколку пати да бидам на овој балкон, но ова нема да се повтори, ова чувство… Благодарност до кошаркарите што ми дозволија да бидам таму. Чест ми е што стојам покрај големи шампиони и луѓе. Ја почувствував нивната хармонија, која не зближи овде, не само успех од Мундобаскетот, туку момент на хуманост – изјави Ѓоковиќ.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close