СВЕТ

Импресивно откритие во Амазонија

Огромен антички град е пронајден во Амазонија, кој бил скриен од бујна вегетација илјадници години. Ова откритие го менува она што е познато за историјата на луѓето кои живеат во Амазонија, објави Би-Би-Си.

Амазонија - откриен нов град

Куќите и плоштадите во регионот Упано во источен Еквадор биле поврзани со голема мрежа од патишта и канали.

Областа е во сенка на вулкан, што ја прави околната почва многу плодна, но тоа можеби довело до исчезнување на заедницата што живеела таму.

Врз основа на знаењето за градовите во планинските региони на Јужна Америка, како што е Мачу Пикчу во Перу, се верувало дека луѓето живеат само како номади или во мали населби во Амазонија.

„Ова е постар локалитет од кој било друг археолошки локалитет што го знаеме во Амазонија. Имаме евроцентрично гледиште за цивилизацијата, но тоа покажува дека треба да ја промениме нашата идеја за тоа што е култура и цивилизација“, истакнал професорот Стефан Ростин од Центарот за научни истражувања во Франција, кој го предводел истражувањето.

Според Антоан Дорисон, кој е коавтор на истражувањето, ова го менува начинот на кој ги гледаме амазонските култури.

„Повеќето луѓе замислуваат мали групи, веројатно голи, кои живеат во колиби и ја расчистуваат земјата – ова покажува дека античките луѓе живееле во комплицирани урбани општества“, истакнал тој.

Градот бил изграден пред околу 2.500 години и, како што проценуваат научниците, во него живееле 10.000, ако не и 100.000 луѓе.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close