СВЕТ

Ѓоковиќ го победи Димитров и го освои седмиот Мастерс во Париз, а 40-ти во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако денеска во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со резултат 6:4, 6:3.

Gokovik

Ѓоковиќ со триумфот во Париз стигна до 40. Мастерс во кариерата. Тој по седми пат во историјата го освои Мастерсот во Париз. Најдобриот светски тенисер стигна до шестиот трофеј сезонава со освојувањето на Мастерсот во главниот град на Франција.

Еден час и 39 минути траеше натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Димитров. Ова беше 13-ти меѓусебен триумф на српските и бугарските тенисери, а 12-ти триумф на Ѓоковиќ.

Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од 5.779.335 евра.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close