СВЕТ

Форд отпушта повеќе од 3.000 работници

Американскиот производител на автомобили Форд ќе отпушти повеќе од 3.000 работници, бидејќи расте стравот од рецесија во САД.

Ford

Претседателот на компанијата Бил Форд и извршниот директор Џим Фарли испратија документ со кој ги информираа вработените за отпуштањата.

„Градењето на иднината бара менување и преобликување на речиси секој аспект од начинот на кој работиме повеќе од еден век“, се вели во меморандумот потпишан од Форд и Фарли, пренесува NBC.

Форд не е единствената автомобилска компанија која неодамна отпушти вработени.
Rivian отпушти 6 отсто од својот персонал, стартап Argo AI кој работеше со Ford, отпушти околу 150 вработени, додека Tesla отпушта работници кои помогнаа во обуката на Автопилот системот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close