СВЕТ

Европскиот парламент ќе го забрани TikTok на телефоните на вработените

Европскиот парламент одлучи, од безбедносни причини, да ја забрани кинеската апликација за споделување кратки видеа TikTok на телефоните на вработените, изјави денеска неименуван претставник на ЕУ.
Забраната ќе важи и за приватните уреди на кои е инсталирана адресата на е-пошта на парламентот и други мрежи, рече претставникот на ЕУ, додавајќи дека одлуката се очекува да биде објавена наскоро, пренесува Ројтерс.

Европската комисија и Советот на ЕУ минатата недела ја забранија употребата на апликацијата TikTok на телефоните на вработените, нагласувајќи ја зголемената загриженост дека кинеската владата би можела да ја користи таа апликација за собирање податоци за корисниците и од безбедносни причини, бидејќи сопственикот е кинеска компанија, чии алгоритми ја следеле работата на одредени новинари на платформата TikTok.

Официјален Пекинг негира дека има такви намери.

TikTok е забранет од уредите на претставници на американскиот Сенат.

Канада усвои слична одлука во понеделникот, а Индија, исто така, претходно ја забрани употребата на апликацијата.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close