МАКЕДОНИЈА

Виталиа го поддржа КК Вардар: На добрите спортисти им е потребна квалитетна исхрана

Активното занимавање со спорт најчесто е придружено со жртвување на слободното време, задоволствата и правење компромиси кога е во прашање кариерата. Но затоа, придобивките се големи – како за физичкото здравје, така и за психичката состојба и формирањето на корисни и здрави навики.

Тоа најдобро го знаат кошаркарите на КК Вардар – клуб кој се натпреварува во Втората македонска кошаркарска лига, но има амбиции да го врати славното име на клубот онаму каде што припаѓа – на врвот на домашниот спорт. Играчите на овој клуб и самите знаат дека клучот за нивниот успех во иднина зависи од нивната посветеност и подготвеност, но и од правилната исхрана за стекнување и надополнување на енергијата. Затоа, тие се свртеа кон уште еден домашен, добро препознатлив бренд – компанијата за здрава храна Виталиа, која со својот асортиман на производи им нуди се’ што им е потребно на спортистите во нивната исхрана.

Ова ново партнерство помеѓу два од најпознатите македонски брендови е сосем логично, со оглед на тоа дека главниот фокус и на двете страни, барем кога е во прашање исхраната, е на здравата храна и иновативната исхрана, адаптирана за луѓе со активен животен стил.

На почетокот на натпреварувачката сезона во 4 Македонска кошаркарска лига, Виталиа и официјално објави за кого навива оваа сезона. Оваа година компанијата ќе биде спонзор на КК Вардар и ќе го поддржи со значителна материјална донација, која ќе му помогне на клубот полесно да ги покрие организациските и оперативни трошоци во текот на оваа сезона. Преку ова спонзорство Виталиа уште еднаш ја покажува посветеноста кон домашниот спорт и неговото постојано унапредување, помагајќи им на спортистите и спортските организации да го најдат патот како до сегашни, така и до идни успеси.

Што се однесува до кошаркарите на КК Вардар, тие велат дека производите на Виталиа се постојано на нивното мени – како дома, така и на тренинзите и натпреварите. Сите се сложуваат дека апсолутен фаворит им се протеинските, безглутенски мусли, кои се идеални како оброк за почеток на денот. Вкусните RAW барови, полни со витамини и микронутриенти, се постојана ужина помеѓу тренинзите и полувремињата на Вардар, кога е потребна брза, здрава и слатка закуска за обновување на нивото на енергија. А по натпреварите, кога заморот стапува на сцена, тука се Протеинските топчиња со кикиритки и суво грозје – веганска опција за брзо надополнување на енергијата.

Виталиа и КК Вардар се надеваат дека нивната соработка ќе резултира во успешна приказна која ќе продолжи да расте. Портфолиото на Виталиа кое постојано се проширува им овозможува на кошаркарите да си одберат храна според своите потреби, која не само што ќе им ги задоволи вкусовите, туку и нема да причинува грижа на совест бидејќи е здрава и адаптирана за спортски начин на живот. Во оваа сезона, КК Вардар ќе атакува на висок пласман на табелата и изборување на потенцијално место во Првата лига од следната сезона.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close