МАКЕДОНИЈА

Перипетија Продукција: Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на СРМ и во соработка со Театарот за деца и младинци Скопје во кој учествуваат 5 меѓународни огранизации од Србија, Чешка, Грција и Северна Македонија (Eho animato, Peripetija, ArtCanAct, Tri groša, ViceVersa).

Низ оваа мултидисциплинарна авантура ќе патуваме преку креативни алатки и методи, како и разговори со професионалци од разни области, а сето тоа ќе биде крунисано со уметничка продукција во текот на 2025 година. Група од 45 млади од Србија, Северна Македонија и Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување, како и да се впуштат во меѓународна соработка во период од 16 месеци. Серијата работилници, дебатите и дигиталната платформа за соработка ќе бидат преточени во уметнички продукции кои ќе ги активираат нашите креативни, теоретски и имагинативни способности.

Селектираните учесници ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области; да учествуваат на Kick-off кампот во Скопје од 27 до 31 август 2024 година заедно со своите врсници од Грција и Србија, да учествуваат во креирањето на виртуелната платформа во соработка со нивни врсници од трите земји; да учествуваат на Feedback кампот со групите врсници, кој ќе се одржи во Белград во текот на 2025 година со целосно покриени трошоци и да бидат дел од уникатен креативен процес, кој ќе резултира со професионални уметнички продукции во 2025 година во Белград, Скопје и во
Атина.

Целокупната програма е бесплатна, а повеќе информации во врска со проектот се достапни
на следниот: ЛИНК.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close