ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се консумираат ореви секој ден?

Дали знаете колку една шака ореви може да го подобри вашиот ден и вашето здравје? Оревите се најдобар извор на протеини, влакна, магнезиум и омега-3 масни киселини, како и витамин Б6. Поволно делуваат на бројни процеси во организмот, а на тој начин го намалуваат холестеролот, триглицеридите, благотворно делуваат на здравјето на кожата и ги ублажуваат воспалителните процеси. Исто така, тие се одлични за оние кои страдаат од висок крвен притисок бидејќи оревите го намалуваат.

ореви

Ако се прашувате колку ореви дневно се потребни за да се задоволат потребите на организмот, знајте дека околу 20 грама се повеќе од доволно. Истражувањата докажаа дека луѓето кои консумираат само неколку ореви дневно имаат помал ризик од коронарна срцева болест, што може да го намали ризикот од прерана смрт.

Оревите се особено корисни за постарите лица, бидејќи го забавуваат падот на когнитивните функции и ја подобруваат меморијата. Ја подобруваат општата плодност кај мажите.

Знајте дека само свежите и сурови ореви можат да ги задоволат сите горенаведени потреби на организмот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close