ЗДРАВЈЕ

Оваа намирница е идеална за ужина и помага во слабеење

На почетокот на новата година многу луѓе си поставуваат нови цели кои планираат да ги исполнат, а една од најчестите секако е слабеењето. Овој процес е многу напорен, па затоа е добро да знаете што може да ви помогне во овој потфат.

Бадеми

Докторката и професорка по нутриционистичка наука Сара Бери откри една храна која сите можеме да ја грицкаме за да изгубиме тежина и да ја намалиме желбата за храна.

Имено, студијата спроведена на „Кингс колеџот“ во Лондон покажа дека водењето здрав начин на живот 18 недели резултирало со помал струк, намален крвен притисок и подобрени масти во крвта.

Вака доктор Бери открила дека консумацијата на бадеми имала многу важна улога во ова истражување.

– Здравиот оброк секогаш ќе ви биде добар, но резултатите од студијата покажуваат дека луѓето ги „поништуваат“ придобивките од хранливите оброци со јадење нездрави грицки како чипс и бисквити. Затоа, заменувањето на овие со поздрави грицки ќе му користи на нашиот организам – објасни таа.

Една шака бадеми содржат здрави влакна и масти, па иако се богати со масти, тие не се апсорбираат на ист начин како и другите намирници со висока содржина на масти.

Бери објасни дека истражувањата покажале дека при конзумирање на бадеми се излачуваат околу 30 отсто од калориите поради таканаречената структура на бадемите, па затоа се одлична ужина.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close