ЗДРАВЈЕ

Еве кои два зачини го топат салото на стомакот

Одржувањето на нивото на висцералните масти на минимум е од суштинско значење за здравјето на целиот организам. Познато е дека исхраната богата со заситени масти и шеќер ги зголемува висцералните маснотии, а одредени намирници исто така можат да помогнат да се намали.

Зачини

Висцералните масти се маснотиите што се насобираат околу виталните органи во стомачната празнина (абдоминални масти) и се сместени под мускулите. Висцералните масти не му се непријатели на вашето тело, се’ додека не ги има премногу.

Едно истражување покажа дека две билки кои често ги користиме во готвењето имаат ефект врз намалувањето на висцералните масти, а тоа се ориганото и магдоносот.

Имено, истражувањето од 2012 година откри дека карвакрол-фенол кој се наоѓа во есенцијалното масло произведено од ориганото, може да ги намали мастите.

За да добиете најмногу придобивки за губење маснотии од ориганото, треба да го вклучите маслото од оригано во вашата исхрана, а исто така може да се зема и како додаток.

Посебна студија, објавена во 2018 година, наведува дека консумирањето магдонос е исто така одлично за губење на висцералните маснотии. Студијата покажала и зголемување на антиоксидантната активност во телото на оние кои јаделе магдонос.

„Како заклучок, губењето на тежината со помош на магдонос, покрај диетата за слабеење, може да ја намали тежината и индексот на телесна маса, како и да ја зголеми активноста на антиоксидантните ензими кај дебели субјекти“, се наведува во гореспоменатата студија.

Главните причини за таложење на висцералните маснотии се консумирањето премногу мрсна храна и недоволната физичка активност, а експертите наведуваат дека пред се треба да се променат животните навики во целина, пренесува порталот Real Tips and Tricks.

Subscribe
Notify of
1 Коментар
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] особено со антиоксиданси. Ова го прави одличен додаток во вашата исхрана, но грашокот може да предизвика и надуеност поради […]

Back to top button
close