ЗДРАВЈЕ

Доколку сакате да ослабете, овие намирници ќе ги стопат мастите за рекордно време

Факт е дека здравата исхрана е една од клучните работи во процесот на слабеење, а одредени намирници можат да бидат особено корисни. Нутриционистката Лаура Бурак изјавила дека јајцата се меѓу најдобрите намирници. Истражувањето од 2014 година покажа дека луѓето кои јадат јајца за појадок се сити подолго време и дека можат значително да ја намалат телесната тежина за кратко време.

Спанаќот и брокулата се исто така корисни за слабеење бидејќи се нискокалорични, но богати со влакна и други есенцијални хранливи материи. Покрај тоа, тие го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Не заборавајте да консумирате сезонско овошје. Имајте на ум дека треба да го купувате на места кои продаваат квалитетни производи, а не на оние кои содржат голема количина на пестициди. Истражувањето објавено во стручното списание PLOS Medicine воспостави корелација помеѓу јадењето овошје и губењето килограми. Најдобри резултати дадоа јаболката, крушите и бобинките.

Многу преливи се полни со калории и масти, затоа купувајте некои поквалитетни или направете си сами. Доколку секојдневието ви е зафатено и немате време да се посветите на детално подготвување здрава храна, набавете јогурт, свежо сирење и слично.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close