ЗАНИМЛИВОСТИ

Втората сезона од „HALO“ пристигнува на SkyShowtime во 2024

SkyShowtime денес објави дека многу очекуваната втора сезона на хит серијата „HALO“ ќе пристигне на почетокот на 2024 година

Во втората сезона, Master Chief John-117 го води својот тим од елитни спартанци против заканата на вонземјаните позната како Завет. Во пресрет на шокантниот настан на далечна планета, Џон не може да се ослободи од чувството дека неговата војна ќе се промени и ризикува сè за да го докаже она во што никој друг нема да верува – дека Заветот се подготвува да го нападне најголемото упориште на човештвото. Со галаксијата што е на раб, Џон тргнува на патување за да го пронајде клучот за спасението на човештвото или неговото истребување – Ореолот.

SkyShowtime

Предводена од  извршниот продуцент Дејвид Винер (Brave New World), серијата се одвива во универзумот кој првпат дебитираше во 2001 година со лансирањето на првата игра „HALO“ на Xbox®. Драма за епскиот конфликт од 26 век меѓу човештвото и вонземската закана позната како Завет, серијата „HALO“ раскажува длабоки лични приказни испреплетени со акција, авантура и богато имагинативна визија за иднината.

Во HALO глуми Пабло Шрајбер (American Gods) како главениот водач Spartan-117 и Наташа МекЕлхон (Californication) како д-р Халси, кои исто така се и продуценти оваа сезона. Дополнителни членови на екипата што се враќаат се и Џен Тејлор (серија игри HALO, RWBY) како Кортана, Боким Вудбајн (Фарго), Шабана Азми (Fire), Наташа Кулзак (The Witcher), Олив Греј (Half Moon Investigations)  Јерин Ха (Реф Брејк) , Бентли Калу (Avengers: Age of Ultron), Кејт Кенеди (Catastrophe), Чарли Марфи (Peaky Blinders) и Дени Сапани (Penny Dreadful).

Помеѓу новите лица во оваа сезона се појавуваат Џозеф Морган (Vampire Diaries, The Originals) и Кристина Родло (No One Gets Out of Here Alive, The Homeless World Cup). Морган ѝ се приклучува на серијата во улогата на Џејмс Акерсон, застрашувачки разузнавач кој ја поминал кариерата качувајќи се низ ранговите на Тајната канцеларија за поморско разузнавање во Советот за безбедност на ОН. Родло ја има улогата на Талија Перез, полковник специјализиран за лингвистика од Маринскиот корпус на ОН и релативно нов регрут кој допрва треба да види вистинска борба. Враќајки се од првата сезона, Лаера (Фиона Ошонеси) е човек од доверба, жена и партнер во криминалите на Сорен. Синот на Сорен и Леара, Кеслер (Тајлан Бејли) имал релативно мирно, по малку необично детство растејќи во Рабл.

Серијата „HALO“ е продуцирана од SHOWTIME® во соработка со 343 Industries и Amblin Television. Извршен продуцент на втората сезона на „HALO“ е Дејвид Винер, заедно со Стивен Спилберг, Дерил Френк и Џастин Фалви за Amblin Television. Кики Вулфкил се појавува како извршен продуцент за Xbox/343 Industries, заедно со Ото Батхурст и Тоби Лесли за One Big Picture и Џан Паоло Варани. Серијата е глобално дистрибуирана од страна на Paramount Global Content Distribution.

Стриминг платформата SkyShowtime е достапна директно за корисниците преку апликацијата SkyShowtime за сите Apple iOS, tvOS, Android уреди, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб страната www.skyshowtime.com. Цената на SkyShowtime е 5,99 евра месечно (без реклами) со седумдневен период на проба, кој може да се откаже било кога.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close