ЗАНИМЛИВОСТИ

Песната од филмот „Титаник“ доживеа огромна популарност – еве неколку работи кои не сме ги знаеле за неа!

Познатата песна од филмот „Титаник“, „My Heart Will Go On“ ја изведува познатата канадска пејачка Селин Дион. Песната, како и филмот, доживеа огромна популарност.

Титаник

Селин по настапот доби бројни награди, а оваа песна ја прослави и ја турна меѓу ѕвездите. Таа беше наградена со оскар за најдобра оригинална песна, доби Златен глобус, Греми во 3 различни категории како и Сателитска награда.

Она што е интересно е што Селин првично не сакала да ја снима оваа песна.

„Не се чувствувам добро! Ме боли стомак…“ изјавила тогаш пејачката за да го избегне снимањето на овој хит.

Песната од филмот е снимена во еден обид, а подоцна таа демо снимка е објавена како сингл. Сè е поради менаџерот и сопруг на пејачката Рене Анџели, кој успеал да ја убеди да сними демо верзија.

Песната раскажува за љубовната приказна што се случила меѓу Роуз и Џек. Траката е многу емотивна и ја опишува тажната судбина што ги снајде главните ликови на филмот „Титаник“..

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close