ЗАНИМЛИВОСТИ

Ако сеуште сте во потрага по софистициран локал за вашата интимна свадба, ова е нашиот предлог?

Некои настани се толку важни, и сакаме да бидат совршени. Да се чувствуваме убаво, опуштено, во атмосфера која е топла, софистицирана, каде се внимава на најмалите детали, а храната е совршена.

Па така ако сте едни од оние кои размислуваат за организација на мала свадба, или прослава на роденден, во друштво на најблиските и сакате на тоа да се сеќавате цел живот, тогаш ресторанот Ботаника Урбана кафана е изборот за кој нема да зажалите.

Во овој локал нема да бидете само бројка, туку ценети гости, кои ќе се почувствуваат како најважните и најславните личности на светот. „Овде гостите ќе можат да пробаат храна подготвена со многу љубов, каква што ретко каде на друго место може да има. Тоа е така бидејќи Ние навистина ја сакаме храната и сакаме истото да го чувствуваат и гостите кога ќе ја посетат Ботаника“, вели Софка Камиловска главниот готвач.

Овде ќе имате интимна мала свадба со прекрасна храна и топол амбиент. Ова е посебен ресторан со ексклузивно мени, кој покрај прекрасната храна има и посебна енергија. Се е внимателно одбрано, ентериерот е во топли бои, а дополнително вредност му дава и љубезниот персонал.

Место за луѓе со истенчен вкус, кои знаат што сакаат и кои не прават никакви компромиси кога е изборот на ресторан во прашање. Со отворен и широк простор со многу светлина, со многу зеленило, во пријатниот амбиент на Ботаника секој гостин ќе се чувствува убаво, релаксирано, ќе биде среќен што се нашол на листата меѓу 100-150-те гости колку што овој ресторан има капацитет. А церемонијал мајсторите од Ботаника за Вас ќе го испланираат целиот настан без да се грижите за било што. Ќе ви предложат по ваш вкус музика, храна, а на Вас останува да уживата и создадете спомени на кои ќе се сеќавате цел живот.

Не е случајно што реномираниот trip adviser го избра овој ресторан за еден од најдобрите во Скопје, и слободно окарактеризирајќи го како место на кое може да му завидуваат и еден Лондон, Њујорк и Париз!

Овде ќе се почувствувате навистина кралски. Од начинот на кој храната се сервира, од љубезноста на персоналот, од топлата атмосфера, од перфекционизмот со кој се подготвува храната….а се е некако ненаметливо, дискретно, а совршено!

Од овде нека почне вашата заедничка среќа!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close