ЗАНИМЛИВОСТИ

Еве колку лица паметиме во текот на животот

Луѓето секојдневно по нивните лица ги препознаваат пријателите, колегите, семејството, соседите, јавните личности и многу други. Еве на колку лица се сеќаваме во текот на нашиот живот.

Научниците од Универзитетот во Јорк, по спроведеното истражување, открија дека способноста на луѓето да препознаваат им овозможува да обработат илјадници лица со кои се среќаваме секој ден.

Луѓето ги препознаваат своите пријатели, колеги, семејството, соседите, јавните личности и многу други луѓе на кои наидуваат во текот на животот по нивните лица.

На колку лица се сеќаваме во текот на животот?
Психолозите побараа од учесниците во студијата да наведат што е можно повеќе лица што ги знаат од нивната околина. По првата листа, беше составена и втора, која вклучуваше список на лица кои учесниците ги препознаваат, иако тие лично не ги познаваат.

На крајот, опсегот на бројот на лица на кои учесниците можеа да се сетат беше голем – од илјада до дури десет илјади.

Според психолозите, просечниот човек во текот на својот живот препознава околу 5.000 лица.

Експертите веруваат дека оваа бројка би можела да биде почетна точка за првиот речник за човечко лице, кој би помогнал во развојот на софтвер за препознавање лица. Таквиот софтвер се користи на аеродроми и во истраги за криминал.

Резултатите од спроведеното истражување претставуваат важен чекор кон подобро разбирање на случаите на замена на идентитетот.

Мозокот има неограничени капацитети за учење зборови и јазици, единствените ограничувања можат да бидат учење, вежбање и мотивација. Опсегот на бројот на лица што учесниците во истражувањето можеа да ги препознаат ги надминува можностите на нашите предци, кои познаваа едвај неколку десетици луѓе во својот живот.

Џенкинс објаснува дека се уште нема соодветно објаснување како ја развивме оваа способност.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close