СВЕТ

Во Австралија пронајдена исчезнатата радиоактивна капсула

Австралиските власти пронајдоа радиоактивна капсула изгубена во Западна Австралија минатата недела, соопшти државниот министер за вонредни ситуации. Потрагата по капсулата, која испадна од камион на патека долга 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт, траела една недела, јавува Ројтерс.

Камионот со капсулата пристигнал во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари. Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртките и навртките, а капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од отворот во камионот.

Јадрото на капсулата содржи мала количина на радиоактивен цезиум-137, кој може да предизвика сериозни болести доколку се допре. Капсулата е со димензии осум милиметри на шест милиметри. Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиум со полуживот од 30 години.

Неговото ослободување се случува со употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина, според Енциклопедија Британика. Компанијата Рио Тинто пред три дена се извини за загубата на капсулата, пренесува Танјуг.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close