МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Денеска е Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.

По повод овој голем христијански празник во манастирот во Матка, кај Скопје традиционално се одржува божествена лирургија. Синоќа во манастирот се одржа вечерна богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.

Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Има верувања дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close