Хуманите гестови треба да се поздравуваат и поддржуваат, тие ги мотивираат сите кои се во можност да тргнат во хумана мисија, а таков пример е и хуманитарецот Сенад Рамовиќ кој со поддршка од донатори досега подели преку 5000 пакетчиња за дечиња ширум Македонија.
– Мала дружба со вистинските херои на Одделот за онкологија при Детската клиника во Скопје. Среќата се множи кога се дели! За безброј убави моменти, за непрекинати детски насмевки, за надеж дека Новата година ќе донесе здравје во изобилие за сите деца ширум светот, за сите нас! Голема благодарност до Г- дин Илир Шефити сопственик на компанијата „Банана Кидц“ и Илчо Цветковски – директорот на компанијата од Тетово, со нивната поддршка измамивме насмевка на повеќе од 5000 деца ширум Македонија, кажа хуманитарецот Сенад Рамовиќ.