Епископот Марко во посета на Соборниот храм „Света Троица“ во Цирих

Со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот швајцарски г. Андреј од Српската Православна Црква, Епископот Делчевско-каменички г. Марко од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, заедно со својата придружба, го посети Соборниот храм „Света Троица” во Цирих, Швајцарија.

Епископот Марко во посета на Соборниот храм „Света Троица“ во Цирих

Пред почетокот на вечерната богослужба, во соборниот храм беше отслужена доксологија во чест на пристигнувањето на Епископот г. Марко. Потоа следеше вечерна богослужба со воскресни и празнични молитвословија.

По завршувањето на богослужбата, епископот домаќин г. Андреј срдечно го пречека својот собрат Архиереј од МПЦ-ОА и го запозна со градот и со православните храмови во Цирих.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ