Прескокни до содржината

Недела, 15 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

МЗТ Аеродром во ФИБА Европа Купот

МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2026/27 ќе биде дел од групната фаза на ФИБА Европа Купот, со што нашиот клуб повторно ќе заигра на европската сцена по пауза од две ипол децении.

МЗТ Аеродром во ФИБА Европа Купот

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Настапот во ова натпреварување претставува уште една потврда за континуираниот развој на клубот, но и нов голем предизвик за сите во синобелото семејство. Во претстојната сезона, покрај обврските во АБА2 лигата и домашната Суперлига, МЗТ Скопје ќе се натпреварува и во Европа, што значи дека нѐ очекува исклучително богата и возбудлива сезона на три фронта.

Последниот настап во едно натпреварување под капата на ФИБА го имавме во сезоната 2000/01, кога бевме дел од Купот Кораќ. Во изминатите години клубот остави силен печат и во регионалната АБА лига, АБА2, како и во УЛЕБ Еврокупот, а сега повторно ќе имаме можност да ја претставуваме македонската кошарка на европската сцена.

Новата сезона во ФИБА Европа Купот ќе се игра во проширен формат со 48 екипи поделени во осум групи по шест клуба. Како еден од 24-те клуба со директен пласман во групната фаза, МЗТ Скопје има загарантирани најмалку десет европски натпревари против квалитетни противници од различни кошаркарски средини, што ќе претставува одлична можност за нови европски предизвици и натпреварувачки исчекори.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 16 јули во Минхен, кога ќе ги дознаеме и нашите противници во европската сезона. Пред нас е ново поглавје исполнето со предизвици, патувања, силни натпревари и можност повторно да го слушнеме европскиот звук во „Јане Сандански“. Веруваме дека со поддршката од нашите навивачи ќе бидеме достоен претставник на македонската кошарка и ќе направиме сѐ за достојно да го претставиме клубот, Аеродром и Македонија на европската сцена.

Се гледаме во сала!

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566