Прескокни до содржината

понеделник, 26 октомври 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Калиопи со нова песна и спот – „Лаж“

Калиопи ја објави својата нова песна „Лаж“, а заедно со неа и официјалниот видео спот. Публиката првпат ја слушна песната минатиот викенд, на големиот концерт на Калиопи во полната арена „Борис Трајковски“.

Зад „Лаж“ целосно стои Ромео Грил, кој ги потпишува музиката, текстот, аранжманот и продукцијата.

Лаж - Калиопи

Режијата на видео спотот е на Лука Сеп, а продукцијата на Kavakava Production.

Песната е достапна на сите дигитални платформи, а спотот можете да го погледнете на официјалниот YouTube канал на Калиопи.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава