Саит Идоли со нова емотивна приказна: „Ќерка” е песна посветена на најголемата љубов

Македонскиот пејач Саит Идоли деновиве пред публиката ја претстави својата најнова песна со наслов „Ќерка”, која пристигнува заедно со внимателно подготвен видеоспот и силна емотивна порака. Песната е инспирирана од неговото семејство и љубовта кон неговата ќерка. Како што открива самиот Саит, идејата за ова музичко остварување се родила сосема природно.

sait idoli promo 2

„Инспирацијата дојде од фактот што сите ние имаме деца, а јас претходно направив песна за син. Потоа си реков – зошто да не направам и песна за ќерка. Емотивен човек и пејач сум и музиката ја чувствувам со целото срце”, вели Саит.

Видеоспотот за „Ќерка” е реализиран во студиото на Арт Студио продукција во соработка со Балкан Мјузик телевизија, додека зад режисерската палка стои Дејан Горгиев. Сценариото е дело на Горан, а во музичката реализација учествувале и долгогодишните соработници на пејачот.

„На сајзер и гитара свири Сајо, а и јас отсвирев делови на гитара. Искрено, презадоволен сум од целото снимање, од атмосферата и од сценариото што го подготвивме”, додава тој.

Интересно е што ова не е прва песна која Саит Идоли ја посветува на својата ќерка. Во неговата музичка кариера веќе постои композицијата „Ќерко, ти ми порасна”, но според него, новата песна носи сосема поинаква приказна и емоција.

Покрај актуелната промоција, пејачот веќе работи и на нови музички проекти. За периодот по летото 2026 година најавува нова балада која ќе ја реализира во соработка со Марче од „Кисми”.

Со „Ќерка”, Саит Идоли уште еднаш на сите ни покажува дека најсилните песни често се раѓаат од вистинските животни приказни и искрените емоции, а токму тоа е причината поради која неговата публика лесно се пронаоѓа во неговите музички пораки.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ