Прескокни до содржината

понеделник, 26 октомври 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Два викенда, повеќе од 130 учеснички: dm bring your best friend ги обедини женското здравје и пријателството во Маврово

Повеќе од 130 жени беа дел од двете изданија на „dm bring your best friend“, настан во организација на dm drogerie markt, кој во септември и октомври го претвори Маврово во место за едукација, дружење и заеднички искуства. По големиот интерес за првото издание, на 24 и 25 октомври во хотелот „Grand Chamois“ се одржа и вториот дводневен настан, со програма посветена на женското здравје, личниот развој, физичката активност и креативноста. Во основата на „dm bring your best friend“ е едноставна, но посебна идеја – една влезница за две лица и можност за заедничко доживување со најдобрата пријателка. Токму затоа, програмата беше осмислена како спој на стручни предавања, практични работилници, релаксација и забава, создавајќи простор во кој учесничките можеа да научат нешто ново, да се посветат на себе и истовремено да уживаат во времето поминато заедно.

dm bring your best friend

Вториот викенд започна со заеднички појадок, запознавање и забавна игра, по што следуваше предавањето „Мистиката на женската енергија“ со Катерина Ангеловска, посветено на внатрешната рамнотежа, поврзаноста со телото, интуицијата и личната сила. Женското здравје потоа беше во фокусот на предавањето „Четири годишни времиња на жената – Хормоните низ животниот циклус“, на кое д-р Александар Бојаџиев, специјалист по гинекологија и акушерство, говореше за хормоналните промени и различните животни фази – од созревањето, партнерството и мајчинството до перименопаузата, менопаузата и зрелата возраст.

dm bring your best friend scaled

Попладнето беше резервирано за креативност и разговори. На работилниците „Направи сам“, учесничките изработуваа нараквици, балсами за усни и свеќи, а потоа следуваше панел-дискусијата „Женското тело секогаш има што да ни каже. Дали го слушаме?“ со Тијана Дапчевиќ, Александра Гаќидев и Катерина Ангеловска, под модераторство на Данче Азманова Мирчевска. Разговорот беше посветен на препознавањето на сигналите што ги испраќа телото, сопствените потреби и внатрешниот глас. По време за спа, масажа и одмор, првиот ден заврши со заедничка вечера и стендап настапот „Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ, кој внесе хумор во темите поврзани со женските животни искуства.

Вториот ден започна со избор меѓу утринска јога со Билјана Пешева и фитнес со Мартин Видоевски, по што следуваше јога за лице со Невена – Нена Јоновска. Потоа, психологот Бојана Стојменовиќ Петровска го одржа предавањето „Самодоверба – твојата вредност не се мери со туѓите очекувања“, отворајќи прашања за самодовербата, потребата од одобрување и стремежот кон совршенство.

dm bring your best friend

Практичните совети продолжија со предавање и работилница за здрава исхрана со Елена Бубало, посветени на поврзаноста меѓу исхраната, физичката активност и женското здравје. Завршниот дел од програмата беше резервиран за убавината и негата, со професионалната шминкерка и стилист за коса Андријана Митовска, која преку предавањето „Научи да го истакнеш најубавото од себе“ сподели корисни трикови за секојдневно разубавување.

Како дополнително внимание, учесничките добија подарок-торби со производи од Neutrogena, Purito, bioten, AURA, CATRICE, essence, flormar, CURAPROX, hello smile, Violeta, WILKINSON, BOROTALCO, Geek&Gorgeous, it’s a 10, KATIVA, MALENA SUPLEMENTS, MyHOCL, ORGANIC MiMi и Balea.

Првото издание на „dm bring your best friend“, одржано на 26 и 27 септември, собра повеќе од 60 учеснички, а интересот за концептот беше поттик за организирање на втора средба. Двата викенда ја потврдија вредноста на форматот што ги поврзува стручните информации со непосредни разговори, практични активности и време поминато со блиска пријателка.

„dm bring your best friend“ е дел од посветеноста на dm на женското здравје и благосостојба, која компанијата ја развива и преку едукативни содржини со стручни лица за хормоналното здравје, исхраната, сексуалното здравје и негата на кожата. Со второто издание во Маврово беше заокружена приказната за два викенда во кои жените имаа можност да се информираат, да се одморат и да создадат нови спомени со своите најдобри пријателки – потсетник дека времето за себе и за луѓето што ни значат заслужува место во секојдневието.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава