Положбата во која спиеме многу влијае на квалитетот на нашиот живот. Повеќето луѓе не размислуваат премногу за положбата во која спијат, но лекарите предупредуваат дека спиењето во погрешна положба може да влијае на квалитетот на нашиот сон и да предизвика проблеми со грбот или ‘рбетот.
Имено, тие тврдат дека спиењето на стомак е најлошата положба за нашиот ‘рбет.
Иако на многу луѓе оваа поза им е омилена и најудобна кога спијат, тоа може да доведе до непријатно свиткување на грбот во сон, што дополнително ќе го притиска нашиот ‘рбет.
– Оваа поза најмногу ги притиска мускулите и зглобовите на вашиот ‘рбет, бидејќи ја израмнува природната кривина на ‘рбетот – објаснуваат лекарите Рејмонд Џонатан Хах и Кристофер Орнелас.
Спиењето на стомак исто така предизвикува да спиете со вратот свртен на страна, што може да предизвика непријатна болка во вратот и горниот дел од грбот по будењето.
Наместо да спиете на стомак, тие како најздрава опција ја предлагаат положбата на грб.