Прескокни до содржината

Вторник, 17 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Речиси осум од десет анкетирани туристички субјекти во Скопскиот регион велат дека трошоците за енергија им се значаен товар

За 78,8% од анкетираните туристички субјекти во Скопскиот плански регион, трошоците за енергија се значаен товар за бизнисот. Анализата на проектот Energy Wise, која опфати 33 туристички субјекти, покажува дека 54,5% сè уште не користат обновливи извори на енергија, а 81,8% се заинтересирани за мерки за енергетска ефикасност и користење обновливи извори.

e3376e3f 33a8 4f76 bb91 4e3d8abca06b

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Како малите семејни објекти во руралниот туризам можат да ги намалат сметките за енергија и каква поддршка им е потребна за да вложат во вакви решенија? Овие прашања ќе бидат во фокусот на Националниот форум за зелен туризам, кој ќе се одржи утре, 17 ноември 2026 година во Europe House во Скопје, во организација на Центарот за одржлив развој АЛКА и Фондацијата Албиз.

На форумот ќе бидат претставени наодите од анализата, искуствата од практичната обука, тријазичниот прирачник за зелен туризам и повелбата Eco-Steward за давателите на услуги. Предвидено е и обраќање од претставничка на Амбасадата на Франција.

7d68a982 8bca 40a2 9933 7f3be9b839cd

На панел-дискусијата, што ќе ја модерира Ана Зафирова, ќе учествуваат Здравко Стефановски, технички експерт за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, Блерант Рамадани, истражувач во областа на енергетиката, Александар Калиников од Министерството за култура и туризам и Наум Налбанти од „Крушевска Одаја” и здружението „Крушево греен”. Тие ќе разговараат за применливите решенија за малите туристички објекти и за институционалната поддршка за нивно воведување.

Проектот Energy Wise – Зајакнување на руралниот туризам преку обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност го спроведува АЛКА во партнерство со Фондацијата Албиз во руралните општини на Скопскиот плански регион. Проектот е поддржан преку програмата BOOST Balkans на ALDA, со финансиска поддршка од Француската агенција за развој (AFD).

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566