ЗАНИМЛИВОСТИ

Положбата во која спиеме може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест е прогресивна болест на мозокот која се карактеризира со губење на меморијата и способностите за расудување, како и со промени во личноста. Со оглед на тоа дека е многу прогресивен, лекарите постојано работат на истражувања кои барем би им помогнале на луѓето да го намалат ризикот од болеста.

Заедно со правилната исхрана и грижата за здравјето, научниците сега дошле до уште едно интересно откритие кое може да помогне да се спречи појавата на Алцхајмерова болест.

Спиењето во одредена положба го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест, покажуваат најновите истражувања. Како што пренесува „Њујорк пост“, ова откритие би можело да биде значајно во понатамошното дијагностицирање и спречување на оваа прогресивна состојба.

– Утврдено е дека спиењето на страна е најкорисната положба за мозокот и му помага да го исчисти интерстицијалниот отпад побрзо од другите позиции. Ова води до повеќекратни придобивки, вклучително и потенцијално намалување на ризикот од развој на невролошки болести како Паркинсонова или Алцхајмерова болест, објаснува експертот за спиење Нарван Амини.

Спиењето на страна генерално се смета за најздраво, бидејќи оваа положба обезбедува добра поддршка за ‘рбетот додека го намалува рефлуксот на киселина.

Интересно е што спиењето на страна може да го намали и ‘рчењето. Амини ја откри и најлошата поза за спиење кога станува збор за целокупното здравје, а тоа е спиење во стомакот.

Facebook коментари:
Back to top button
close